Хабиб откри што барал од Мајк Тајсон на гостувањето во подкастот на боксерската легенда (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов неодамна гостуваше во подкастот на Мајк Тајсон, Хотбоксинг. Непоразениот Дагестанец призна дека не се чувствувал многу удобно за време на неговиот престој на ранчот на Тајсон.

Имено, Ајрон Мајк има ранч со марихуана во Калифорнија од 2016 година што зафаќа нешто повеќе од 1.700 метри квадратни и е составен дел од животот на поранешниот светски шампион.

Компанијата Тајсон произведува многу производи од ова растение. Тој разви вистински бизнис што му носи повеќе од половина милион долари месечно.

Хабиб призна дека Мајк во тоа време се однесувал чудно со него и ијзави дека побарал од него да ја исчисти масата и да ги отстрани сите производи.

„Не ми се допадна неговиот поглед. Гледаше низ мене. Бевме на неговиот ранч и јас веднаш му реков да отстрани се што е испушено од масата“, рече Хабиб Нурмагомедов и додаде:

„Не ми беше пријатно. Повеќе ми се допаѓаат луѓе како Кристијано Роналдо, тој е вистински спортист“.

Но, Хабиб не пропушти да објави на Инстаграм снимка од неговата посета на ранчот на Тајсон. Дагестанецот под видеото напиша:

„Беше прекрасен ден“.

Еве што рече Хабиб за Мајк Тајсон и Кристијано Роналдо:

https://www.youtube.com/watch?v=kutKaIAtid0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON