Европскиот шампион Стефан Стојановиќ: Само брзите одлуки ми ја донесоа победата и титулата!

„Се чуствувам преисполнето, прекрасно и горд сум на самиот себе. После двете 5 места што ги имав освоено следна цел ми беше да го освојам златниот медал“, вели освојувачот на златниот медал во борби за јуниори во категоријата над 76 килограми на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тампере, Финска, Стефан Стојановиќ.

Да посетиме, македонскиот репрезентативец и член на КК Макпетрол во финалето на ЕП славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4. Стојановиќ водеше тешка борба и буквално во последната секунда ја обезбеди титулата при резултат 4-4, а кој го изадначи Италијанецот на две секунди пред крајот. Нашиот каратист брзо реагираше и зададе шампионски удар.

Резултатот тргна со 1-1, 1-2, 2-2, 3-2, 3-3, 4-3, 4-4 и 5-4.

Финалето бесе многу неизвесно и се боревте поен за поен, а титулата ја освои во последната секунда. Сто размислувасе во тој момент?

-Да, финалето беше неизвесно, противникот беше одличен, трезвено размислував и брзо реагирав, само за да освојам поен. Во тие моменти само брзите одлуки ми ја донесоа победата.

Тренерот Петар Заборски и стакнува дека многу напорното сте се подготвувале за ЕП. Како беше на подготовките? На што се концентриравте?

-Точно многу напорно се спремавме со моите тренери Бошко Заборски, Петар Заборски и мојот кондициски тренер Иван Тиосавлјевиќ.

Прво почнавме со една програма на работа, па потоа заминавме за Црна Гора, каде имавме исклучително тешки подготовки.

Се концентриравме на борбите.

Која е следната цел?

-Следната цел е да продолжиме со истиот интезитет на тренирање, па да одам и на светско првенство.

ЕП 2021 Тампере:

+76 кг
Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 4-2
Стефан Стојановиќ – Мартин Елијас (Чешка) 3-2
Стефан Стојановиќ – Артјом Јермолаев (Латвија)
Стефан Стојановиќ – Хуберт Јароцки (Полска) 2-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија)
 5-4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО