За време на големата ММА кариера непоризираниот Дагестанец Хабиб Нурмагомедов доби 29 победи, од кои 13 во УФЦ.
Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија три пати ја бранеше титулата, а во последниот меч во октомври 2020 година со принуда го победи Џастин Гејџи.
Во богатата кариера победи и други врвни борци како Конор Мек Грегор, Дастин Пориер, Рафаел дош Анчос, Ал Јакинта…
Хабиб неодамна откри тројца борци со кои сакал да се бори во текот на неговата кариера, а тие борби никогаш не се случиле.
На врвот на таа листа е Тони Фергусон. Нивниот меч беше откажан пет пати.
„Сакав да се борам со Тони Фергусон, но таа борба никогаш не се случи. А има уште неколку борци. Жорж Сент Пјер е еден од нив и многу го почитувам. Пораснав гледајќи ги неговите борби. Кога тој стана шампион на УФЦ во 2007 година јас се уште не ја имав почнато мојата професионална кариера. Бев аматерски борец и гледав многу негови борби со татко ми. ЖСП беше мој пример“, – рече Хабиб Нурмагомедов и додаде:
„Пред шест-седум години многу сакав борба против Ентони Петис, бидејќи тој тогаш беше шампион. Но, загуби од Рафаел дош Анчос, а неговата кариера тргна надолу и никогаш не се врати. Така, во текот на мојата кариера сакав да се борам со Ентони Петис, ЖСП и Тони Фергусон“.