Хабиб откри кој е иден противник на Ислам Махачев

Хабиб Нурмагомедов на социјалните мрежи објави фотографија од Ислам Махачев и Матеуш Гамро.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија е уверен дека во иднина борците ќе се борат меѓу себе. За неколку часа Махачев и Гамро ќе учествуваат на настанот UFC 280 кој ќе се одржи во Абу Даби.

Ислам ќе го предизвика Чарлс Оливеира за титулата во главниот настан. Додека Гамро ќе се бори со Бенеил Дариуш. Гамро е поранешен двократен шампион на полската КСВ лига и ќе ја бара својата 5-та последователна победа во УФЦ. Очигледно, Хабиб е импресиониран од него, бидејќи го смета за иден противник на Махачов.

„Сигурен сум дека ќе се борат во иднина“, напиша Нурмагомедов на фотографијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО