АктуелноМеѓународна сценаММА
Хабиб откри кога Умар Нурмагомедов ќе се врати во УФЦ

Поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, објави дека неговиот братучед и сегашен борец на УФЦ, Умар Нурмагомедов, планира враќање во октагонот кон крајот на октомври. Веста ја објави Хабиб на социјалните мрежи.
„Умар се враќа кон крајот на октомври“, напиша Нурмагомедов.
Последната борба на 29-годишниот Русин беше во јануари на УФЦ 311, кога се бореше за титулата во бантам категорија, но загуби со едногласна одлука од Грузиецот Мераб Двалишвили. Во досегашната кариера во УФЦ, Умар има шест победи и еден пораз.
Нурмагомедов го имаше професионалното деби во 2016 година, а од 2021 година е дел од најголемата MMA организација во светот.



