Хабиб оди во затвор за да го посети Веласкез

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, планира да се сретне со Кaiн Веласкез, кој моментално е во затвор.

Хабиб и Веласкез се соборци и заедно тренираа долги години во АКА во Сан Хозе. Кон крајот на февруари, Веласкез беше уапсен поради обид за убиство на педофил кој извршил блуд со неговиот 4-годишен син.

За жал, Веласкез не успеа и сега се соочува со казна од 20 години затвор. Судот двапати одби да го ослободи Веласкез со кауција, а педофилот е дома за време на неговото судење.

Ова е дефинитивно неправда, но што е фер во наше време? Во интервју за ТМЗ Нурмагомедов зборуваше за Веласкез.

„Разговарав со тренерот вчера. Го прашав дали има шанса да го видам Каин во затвор. Во Русија можете да го направите тоа. Не знам како стојат работите во овој поглед во САД.

Не ги знам локалните закони, но навистина сакам да го видам.

За неколку дена ќе бидам во Сан Хозе и сакам да го видам. Со задоволство би му подал рака за да го наполнам на некој начин со позитивна енергија“, рече Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON