Хабиб Нурмагомедов влезе во Куќата на славните на УФЦ

Дагестанската ѕвезда Хабиб Нурмагомедов е најновиот член на Куќата на славните на УФЦ. Поранешниот шампион во лесна категорија ја дозна добрата вест за време на настанот УФЦ 272 во Лас Вегас.

„Орелот“ беше во аголот на соборците Тагир Уланбеков и Умар Нурмагомедов, кои учествуваа на гала вечерта. За негова несреќа, Уланбеков загуби со одлука, но неговиот братучед Умар забележа нова победа.

Веста за вклучувањето на Хабиб во Куќата на славните беше објавена помеѓу битките на главната карта. Хабиб рече дека не го очекувал ова и дека не знае што да каже на оваа тема.

УФЦ истакнува дека тој се пензионирал со скор од 29-0 во ММА и бил шампион во лесна категорија помеѓу 2018 и 2021 година. Хабиб ја освои наградата „ESPY“ за најдобар ММА борец.

Во УФЦ Хабиб забележа 13 последователни победи и три пати ја одбрани титулата со завршница против Конор Мек Грегор, Дастин Пориер и Џастин Гејџи. Хабиб е првиот муслиман кој освоил титула во УФЦ.

Тој исто така го држи рекордот за најмногу соборувања во една бпрба. Хабиб го го собори Абел Трухило 21 пат во нивниот меч од 3 рунди во 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON