Хабиб Нурмагомедов спектакуларно пречекан на преполн фудбалски стадион (ВИДЕО)

Откако сонародниците на Хабиб Нурмагомедов лудо ја прославија неговата победа на улиците на Махачкала му приредија и спектакуларен пречек во родниот Дагестан. 10.000 френетични фанови со овации го пречекаа на стадионот на фудбалскиот клуб Анжи од Махачкала, шампионот во УФЦ се обиде да го објасни гневот кој се таложел во него во пресрет на борбата во Лас Вегас.

„Го молев Господ само за една работа, а бидам останам на само во рингот со кловнот од Ирска. Тоа го барав од него буквално секој ден. Се молев да немаме повреди, мерењето да мине без проблеми и конечно да нѐ заклучат во кафезот. Многу работи беа кажани пред пресметката, поради што не можев да бидам одговорен за сопствените постапки во октагонот. Сакав да му ја покажам разликата меѓу неговите и моите сфаќања и нацијата на која ѝ припаѓаме“, рече Нурмагомедов.

https://twitter.com/DenisGeykoRT/status/1049416132078313472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049416132078313472&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fkikboks%2Fspektakularen-dochek-na-nurmagomedov-vo-dagestan-i-toa-na-prepoln-fudbalski

Тој посочи дека многумина мислат дека погрешил со постапките по мечот, но дека многумина го одобруваат тоа што го направи.

https://twitter.com/still_alive89/status/1049377278294155264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049377278294155264&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D749730

„Не можете да затворите орел во кафез и јас тоа им го покажав“, рече Хабиб и предизвика ерупција од одушевување од публиката.

https://twitter.com/DenisGeykoRT/status/1049427802431377409?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049427802431377409&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fkikboks%2Fspektakularen-dochek-na-nurmagomedov-vo-dagestan-i-toa-na-prepoln-fudbalski

https://www.youtube.com/watch?time_continue=163&v=Zdz4QTF6Wdg

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON