„Нека Севишниот ве заштити сите вас“, напиша Хабиб Нурмагомедов на својот профил на Инстаграм, додавајќи слика на која дагестанскиот борец ставил маска на лицето за заштита. Таа е со цел да спречи инфекција од коронавирус.
Пандемијата веќе има опфатено 166 земји и административни региони, според инфографите на универзитот „Џон Хопкинс“. Бројот на заразените е над 275.000, а жртви на тоа се над 11.000.
https://www.instagram.com/p/B9_AhOIlQC1/?utm_source=ig_embed
Пред неколку дена стана јасно дека Хабиб Нурмагомедов тренирал апсолутно сам за втората одбрана на појасот. И покрај пандемијата, шампионот се подготвува под строги мерки заедно со неговиот тренер Хавиер Мендес. Тренинзите се одвиваат во „лулката на шампионите“ на Американската кикбокс академијата во Сан Хозе, Калифорнија.