Хабиб Нурмагомедов се чувствува толку добро што размислува за преселба во перо категорија

2017-тата не одеше според очекувањата на Хабиб Нурмагомедов. Планираше да го победи Тони Фергусон на УФЦ 209 и да ја освои привремената титула во лесна категорија, а потоа да го предизвика Конор Мек Грегор. Наместо тоа, беше пренесен во болница пред мерењето, средбата беше откажана, а тој, поголем дел од годината го помина во третмани.

Фергусон стана шампион, а сега Нурмагомедов ќе се сретне со Едсон Барбоза на УФЦ 219. Се разбира, сè уште има време да ги сврти работите во своја корист, но прво треба да се дојде до соодветната тежина – сериозен предизвик, имајќи предвид што се случи последен пат.

Сепак, Хабиб се прифаќа со насмевка. Се шегува дека се чувствува толку добро што следниот пат може да помине во перо категорија.

„Веќе се е во ред, ми останаа само уште неколку килограми. Веќе размислувам за перо категорија. Ќе видиме дали ќе останам, но прво да го победам Едсон Барбоза, потоа ќе се сретнам со Тони Фергусон. Дури тогаш сериозно ќе размислам за преминување во пониска категорија“.

Хабиб не сака да ги открие имињата на противниците против кои би сакал да застане во полесната категорија.

„Не размислувам за противници – пред сè треба да се фокусирам на дуелот со Барбоза. Потоа ќе видиме. Мислам дека можам да имам интересни мечеви во перо категорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО