Шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов (26-0 MMA) ќе ја брани титулата на УФЦ 229 против Конор Мек Грегор во Лас Вегас. Непоразениот Русин ја освои титулата во април со победата над 11-от борец во категоријата Ал Јакинта во 5 рунди доминација, која сепак откри големи слабости во борбата на Хабиб во стоење.
Орелот (Игл) е со скор 10-0 во УФЦ што не е лесно достигнување и ќе се обиде да остане непоразен, што е тешка задача.
Денес го објасни неговиот план за битката со Конор Мек Грегор, кој, дури, и нема многу да ве изненади.
„Мојот план е да го соборам на подот, да го уморам и да го натерам да се предаде“.
The gameplan. @TeamKhabib #UFC229 pic.twitter.com/P6EVmeyIHD
— UFC (@ufc) August 18, 2018
.