Хабиб Нурмагомедов: Нгану ќе земе 50 милиони против Фјури

Легендата на ММА, Хабиб Нурмагомедов не му дава многу шанси на Френсис Нгану да го победи шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури.

Во вторникот беше официјално објавено дека Фјури и Нгану ќе се соочат на 28 октомври во Саудиска Арабија. Мечот ќе се одржи според традиционалните боксерски правила, а титулата на Фјури во ВБЦ нема да биде доведена во прашање.

Френсис е поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија. Тој е многу опасен нокаутер во ММА, но нема професионално искуство во бокс. Нгану има скор од 17-3 ММА со 12 нокаути. Хабиб смета дека Нгану нема многу шанси во боксерскиот меч со Фјури.

На сите им е јасно дека Нгану се бореше за да си ја дополни банкарската сметка. Нема ништо лошо во ова.

„Тајсон Фјури, овој човек е најдобар во моментов. Мислам дека Тајсон Фјури е на друго ниво во боксот. Ако се борат во ММА, секако дека има шанса Френсис Нгану. Ако се борат во УФЦ, Фјури нема многу шанси.

Во боксот не гледам никој што може да му го допре лицето, можеби Александар Усик. Усик ќе биде најтешкиот предизвик за Тајсон Фјури.

Нгану ќе заработи 50-60 милиони долари. Зошто да не се боксира? Знам дека Френсис имал сиромашен живот. Ако некој ви плаќа повеќе пари, одете и земете ги“, изјави Хабиб за Скај спорт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON