Хабиб Нурмагомедов нема да му даде шанса на Мек Грегор ако стане шампион

„Тоа не е титулата на Мек Грегор, а шампионска титула. Кој ја освои на 7 април, тој е првенецот. Во моментов Тони Фергусон ја поседува привремената титула, а Мек Грегор од многумина е наречен шампион, но тој не е тоа. Кој ќе победи во претстојниот дуел , тој ќе биде шампион“.

„Не верувам дека Фергусон дека е подобар од мене во партер. Но е непредвидлив. Има добра борба со колената и со лактите. Не верувам дека се соочувам со некого како мене. Со добра контрола, силен. Кога ќе се затвори кафезот, ќе видиме“.

„Кога ќе го победам Тони, ќе го натерам Мек Грегор да стане малку поскромен и да си го чека редот. Нема туку-така да го оставам да се бори само за титулата. Кога ќе станам шампион, ќе се борам против најдобриот предизвикувач, не против когобило. Не мислам дека Мек Грегор некогаш ќе се бори со мене, многу добро знае што ќе се случи“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО