Хабиб Нурмагомедов ја покажа салата на татко му во Махачкала

Хабиб Нурмагомедов ја покажа салата на неговиот покоен татко, која се наоѓа во Махачкала, Дагестан. Поранешната ѕвезда на УФЦ изјави дека го собрал тимот што работи во слата за да разговараат за работата што ја работат. Хабиб е задоволен од средбата и рече дека сите работат неуморно.

„Разговаравме за работата со луѓето од ММА салата „Нурмагомедов“. Тренерскиот тим работеше неуморно. Написот на ѕидот што го гледате беше слоганот на животот на татко ми. Целиот негов живот започна од овие зборови“, напиша Хабиб.

Абдулманап Нурмагомедов е еден од најголемите тренери во историјата. За жал, Нурмагомедов постариот почина во 2020 година. Тој имаше проблеми со срцето, како и Ковид-19. Легендата почина во болница во Москва. Во септември 2019 година беше прогласен од Руската книга на рекорди за најуспешен боречки самбо тренер во земјата.

Таткото на Хабиб ја започна спортската кариера со борење во слободен стил, кое тој, како и многу деца од Дагестан, го практикуваше уште од мали нозе. Во текот на својата тренерска кариера тренираше вкупно 18 светски шампиони. Очигледно воспитувањето, образованието и спортот беа клучни во тренерската кариера на покојниот Абдулманап.

Овие три работи се едни од најважните во животот на секоја личност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО