Хабиб Нурмагомедов веројатно е најдобриот УФЦ борец во историјата на спортот. Тој по 29 победа во низа одлучи да стави крај на богатата кариера, но се поголеми се шпекулациите дека ќе се врати да изработи уште една борба, како последна желба за татко му кој сакал неговиот син да ја заврши кариерата со 30 победи.
Се појави видео од раните години на одличниот борец пред да потпише договор со УФЦ. Хабиб имаше 16 борби откако пристигна во УФЦ, а во најсилната промоција стигна без едно оружје кое го користеше на почетокот на кариерата. Неговите борби и во тоа време биле навистина брутални, а тој ги нокаутриал противниците со глава.
Мечот против Али Багов покажува колку опасни беа тие удари, па не е чудно зошто Хабиб никогаш не беше нокаутиран во рингот.