Хабиб: Невада е местото каде што се дозвлени дрогата, проституцијата и коцкањето. Нека поработат на нивното однесување

Спортската комисија на Невада го суспендира Хабиб Нурмагомедов девет месеци и го казни дури со половина милион долари за предизвикување на нереди на УФЦ 229.

СКН на Русинот му понуди намалување на суспензија од 9 на 6 месеци ако учествува во социјалните програми против насилството.

Шампионот на УФЦ ја одби понудата и рече дека државата Невада би требало да работи на себе.

„Комисијата ми рече да учествуваат во општествените кампањи. Државата Невада е местото каде што се дозвлени дрогата, проституцијата и коцкањето. Нека поработат на себе и на нивното однесување“, рече Нурмагомедов за руските медиуми.

„Имаше борци кои не се бореа по две години и не им одзедоа појасите по година и половина. Јас сум подготвен да се борам. Тие се оние кои ми го забранија тоа“.

„Мислам дека ќе организираат борба за привремен првак меѓу Тони Фергусон и Дастин Пориер. Победникот ќе стане привремен шампион, а потоа на крајот на годината ќе се бориме за вистинскиот појас“.

Русинот во октомври минатата година во Лас Вегас го победи Мек Грегор во четвртата рунда и ја одбрани титулата во лесна категорија.

Веднаш по завршувањето на борбата скокна преку кафезот и го нападна членот на тимот на Мек Грегор Дилон Данис, а во немирите учествуваше и самиот Мек Грегор кој степа со членовите на тимот Хабиб.

Шампион изјави дека нема намера да се бори до истекот на суспензијата на членовите од неговиот тим Абубакар Нурмагомедов и Зубаир Тухугов.

Менаџерот на Хабиб, Али Абделазиз, рече дека борецот планира да се врати во ноември на настанот на УФЦ во Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО