Хабиб Нурмагомедов одби да коментира што се случува во Авганистан. Талибанците започнаа офанзива во Авганистан во последните недели, откако САД ги повлекоа своите војници.
За многу кратко време, Талибанците зазедоа повеќе од 90 проценти од Авганистан и 33 од 34 главни градови на провинциите, вклучувајќи го и Кабул. Талибанците се сунити, а Ханиб Нурмагомедов исто така е сунит.
Според законите на исламската религија, муслиманите се браќа и според таа логика, Хабиб треба да ги прифати Талибанците како свои браќа. Сепак, тој не сака да се поврзува со нив на кој било начин и рече дека ништо не ги поврзува.
„Што имам јас со Авганистан? Немам ништо заедничко со нив. Поради оваа причина, не би сакал да разговарам за политичките настани што се случуваат илјада километри подалеку од нас“, рече Нурмагомедов за Талибанците на прес -конференција во Русија.