Хабиб: Не ми преостанува уште многу време во ММА

Неоспорниот и непоразен шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов (27-0 ММА, 11-0 УФЦ) не гледа уште многу борби пред него во ММА. Тој е со скор 27-0 во ММА и следниот викенд ќе ја брани титулата во Абу Даби против Дастин Пориер во главната борба на УФЦ 242.

Доста често, Нурмагомедов зборува за повлекување од спортот, а пред некое време татко му изјави дека сака шампионот да замине во пензија на 30-годишна возраст. Во моментов, Хабиб има само 30 години и изјави за медиумите дека не му преостануваат уште многу битки во кафезот.

„Добро прашање Сè уште не се пензионирам, но не сум млад борец. Долги години сум шампион и веќе ја бранев титулата. Ова ќе биде моја втора одбрана. Секако, не ми преостануваат уште многу борби. Не сакам да се борам до 40-годишна возраст. Не планирам да го сторам тоа. Ќе видам.

Ќе треба да разговарам со татко ми и потоа ќе донесам одлука. Морам да разговарам со сите луѓе околу мене. Тоа нема да биде само моја одлука. Сепак, сега сум фокусиран на борбата, затоа што имам оганот се уште гори во мене“.

https://www.instagram.com/p/B11cKKoFA-G/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON