Хабиб: Наметнете ја својата борба и другите ќе се предадат

Хабиб Нурмагомедов се присети на вредниот совет што го добил од неговиот покоен татко пред извесно време.

Непоразениот шампион го изгуби својот татко пред неколку месеци откако Абдулманап долго време се бореше со коронавирусот и проблеми со срцето. „Орелот“ се враќа во кафезот кон крајот на октомври во Абу Даби, каде што ќе се сретне со привремениот шампион Џастин Гејџи.

Непоразениот Дагестанец планира да ја примени тактиката што легендарниот тренер му ја кажа пред извесно време, а тоа е да ја наметне својата борба, по што противникот ќе се предаде. Хабиб успеа да го направи тоа со 28 претходни ривали и освен неоспорниот појас, ќе ја брани и нулата во својата статистика.

„Татко ми велеше дека треба да ја наметнам својата борба, да стигнеш до крајот и ќе видиш како другите се откажуваат“, напиша Хабиб под фотографијата.

https://www.instagram.com/p/CEtfvjAM9XL/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON