Адесања: Ќе го удирам Коста додека не падне

Шампионот во средна категорија Израел Адесања не е загрижен пред тешката бoрба со Пауло Коста. Непоразените спортисти ќе се сретнат во главната борба на УФЦ 253 на крајот на месецот во Абу Даби. 31-годишниот шампион планира да го удира противникот се додека не падне.

„The Last Stylebender“ заврши 14 противници и е со скор 19-0. Адесања е должен на навивачите, бидејќи во последната борба против Јоел Ромеро имаше многу лош настап и беше исвиркан по победата. Меѓутоа, сега, Израел ќе мора да се испоти затоа што Коста е многу агресивен борец.

„Ќе го удирам во лицето што е можно повеќе. Ќе го удирам додека не падне. Нема ништо лично во оваа битка. Не го познавам и не ми е гајле што ќе каже. Мора да се помири со ситуацијата. Работите се такви какви што се. Разбирам што се заложува и тоа ме мотивира. Нашето валкано зборување помалку е и забавно, но не обрнувам многу внимание. Сето тоа е дел од битките.

Дури и кога бевме деца, зборувавме глупости кога не се сакавме. Сето ова е дел од боречките вештини. Знам на што да внимавам против него. Учествував во многу тешки битки и ова не е нешто ново за мене. Се чувствувам многу добро. Моето тело се менуваше во последните неколку недели. Сега само го чекам повикот. Карантинот беше добар за сите нас. Живеевме нормално“, напиша Адесања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО