Хабиб Нурмагомедов на инстаграм објави дека постигнал договор со генералниот секретар на Руската боксерска Федерција, Умар Кремљев, за бокс спектаклот со Флојд Мејведер.
Веста ја пренесоа многу светски медиуми, истакнувајќи дека преговорите на се во завршна фаза. Сепак, овој меч не би се одржал во Лас Вегас, како што посакуваше Мејведер, туку на домашен терен на Хабиб, на стадионот „Лужники“ во Москва пред 100.000 фанови.
„Денеска разговарав со Умар Кремљев за борбата со Флојд Мејведер. Двајцата имаме иста желба – таа да се одржи на „Лужники“, сигурни сме дека ќе има над 100.000 навивачи и ќе поставиме светски рекорд за платени гледања (ППГ). За мене најважно од се е што татко ми би бил во мојот агол, бидејќи за Москва не ми треба виза. А сега прашање за моите навивачи: Дали верувате во мене? Или исто така мислите дека Флојд ќе ме победи во бокс?“, напиша Хабиб Нурмагомедов на своите профили на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BpRfHZ8n3SO/?utm_source=ig_embed
.