Хабиб му одговори на Емилијаненко

Шампионот на УФЦ во лесна категорија смета дека Федор сепак е на прво место.

Ѕвездата на ММА Хабиб Нурмагомедов смета дека неговата кариера не може да се спореди со таа на Федор Емилијаненко.

„Не е во ред да нé споредуваат нас двајцата. Припаѓаме на различни епохи. Тој е еден од втемелувачите на ММА. Неговото време беше во Прајдe, моето е во УФЦ. Точно е дека и двајцата постигнавме успех, но, сепак, би го ставил Федор на прво место“, рече Нурмагомедов на прес-конференцијата во Каспијск и додаде:

„Не е тоа лажна скромност; тој е навистина првиот руски борец кој постигнал толку голем успех во ММА. Благодарение на Емилијаненко многумина почнаа да ја перцепираат Русија како земја во која има добри борци“.

Нурмагомедов истакна дека тој само ја продолжува тенденцијата што ја започна Федор Емилијаненко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО