Дaна Вајт не смета дека Хабиб Нурмагомедов не може да се нарече најголем во историјата на ММА. Ѕвездата од Дагестан доминираше во лесна категорија и 3 пати успеа да ја одбрани титулата. Тој го најави своето повлекување од ММА кон крајот на минатата година, откако го победи Џастин Гејџи.
Орелот реши да застане на врвот со скор од 29-0 во кафезот. 33-годишниот Дагестанец никогаш не се искачи во врвната категорија за да бара втора титула. Многу луѓе го гледаат Хабиб како најдобар во историјата на лесна категорија.
Дана даде се од себе за да го убеди Хабиб да остане, но безуспешно.
„Мислам дека Хабиб може да се нарече најголем во историјата, но требаше да остане подолго во УФЦ. Смртта на неговиот татко беше жалосна. Мислам дека тој штотуку дојде до момент во животот кога немаше избор.
Кога имаш толку многу пари, се се менува. Боречкиот бизнис е исклучително тежок. Не е лесно да станеш и да тренираш кога имаш толку многу пари“, рече Вајт во интервју за Фајт со Теди Атлас на Јутјуб.
Има логика во зборовите на Дана, но Хабиб сепак е среќен со своите достигнувања во кафезот.