МТФ: Трудот, системската работа и совршената посветеност не донесоа до најврвните државни спортски признанија

„Македонската таеквондо федерација е најуспешната федерација во Македонија, нашиот Дејан Георгиевски најдобар спортист, додека д-р Борче Костовски е најдобар тренер“, велат од МТФ по синоќешниот избор на „Спортист на годината 2021“.

„Голема благодарност до сите чинители што на било каков начин допринеле за овие награди“, истакнуваат од МТФ и додаваат:

„Трудот, системската работа и совршената посветеност не донесоа до најврвните државни спортски признанија, продолжуваме со посилно темпо, врвните спортски резултати се нашиот приоритет.

Токио беше сон, Париз ќе биде реалност.

Македонската јавност заслужува радости!

Одиме понатаму“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО