Хабиб: Мек Грегор е отпадник кој молчеше кога го смачкав на подот

Шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов смета дека Конор Мек Грегор е отпадник, при во неговата нарав во основа се навредите кои секогаш ги праќа на негова адреса, како и на адреса на поранешните негови противници. Неодамна Хабиб беше гостин во Универзитетот „Плеханов“ во Москва и зборуваше на многу теми, вклучувајќи ги и навредите што Конор му ги испраќаше пред и по борбата.

„Тој секогаш сака да биде во центарот на вниманието. Мек Грегор објавува коментари за секој настан организиран од УФЦ. Ги фали оние што ги победил и ги навредува другите. На тој начин се рекламира. Мек Грегор многу добро знае што прави. Немам проблеми со тоа, а може да каже и што сака.

Кога бевме во кафезот, Мек Грегор не рече ништо. Го удрив во лице, а потоа со лактите и колената, а тој не рече ништо. Му реков да разговара, но тој не одговори. Сега, кога е илјадници километри од мене – пак зборува“.

https://twitter.com/RTSportNews/status/1113679016102367232?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fkhabib-conor-mcgregor-e-otrepka-koyato-malcheshe-kogato-go-smazvah-na-zemyata

Хабиб ја одбрани титулата против Мек Грегор во октомври откако го натера да се предаде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON