Хабиб мечтае за борби со Фергусон и Холовеј

Хабиб Нурмагомедов кој во моментов ја издржува казната од Спортската комисија на Невада сака да се врати во септември и притоа очекува битка со Макс Холовеј или Дастин Пориер, кој овој викенд ќе се бори за титулата во Атланта. „Орелот“ веќе изјави дека сака два пати да се бори оваа година и најверојатно прво ќе се бори со победникот од мечот Холовеј – Пориер, а потоа во декември може и со Тони Фергусон, кој го задржува предизвикот .

Нурмагомедов вели дека сонува за три битки против следните противници:

„Мечтаам за борби со Тони Фергусон, Макс Холовеј и со некого што има добраи серија на победи. Тоа може да биде Џастин Гаејте или Кевин Ли. Мислам дека УФЦ треба во своите редови да ги привлече Тимур Валиев, Јусуф Раисов, Магомед Магомедов, Мовлид Хаибулаев и Магомед Магомедеримимов“.

https://twitter.com/MMATeamDagestan/status/1115950879667052546?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fkhabib-mechtae-za-bitki-s-ferguson-i-holloway
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON