Мек Грегор си најде оправдување за поразот од Хабиб

Поранешниот светски шампион во УФЦ, Конор Мек Грегор изјави дека пред борбата со Хабиб Нурмагомедов го скршил стапалото.

Мек Грегор во октомври минатата година во Лас Вегас загуби од Нурмагомедов на УФЦ 229 по враќањето во кафезот по долгата пауза.

По борбата Мек Грегор рече дека во најважните моменти грешел и дека Нурмагомедов чесно победил, но денеска откри дека имал здравствени проблеми.

„Го скршив стапалото три недели пред борбата“, вели Мек Грегор.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=stc_Ax-exPw

Ирецот на 26 март објави дека се пензионира од УФЦ, но неодамна соопшти дека би можел да се врати и да го предизвика Нурмагомедов на нова борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО