Хабиб: Левандовски требаше да ја добие „Златната топка“

Поранешната суперѕвезда на УФЦ и поранешен шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов го коментираше доделувањето на „Златната топка“ во фудбалот. Дагестанецот, кој непоразен се повлече од октагонот по 29 последователни победи, посочи и други имиња за кои рече дека требало да ја добијат највредната индивидуална награда на зелениот тепих.

Оваа година Лео Меси ја освои седмата награда на „Франс фудбал“, но неговото признание предизвика низа различни коментари. Многу експерти се спротивставија на оваа одлука, истакнувајќи дека таа требало да оди во рацете на други претенденти.

Меѓу нив е и Хабиб. „Мислам дека Меси оваа година не беше достоен за Златната топка. Јас би ја доделил на Роберт Левандовски или Карим Бензема. Еден од нив сигурно направил повеќе од него. Нивните резултати зборуваат елоквентно“, рече Нурмагомедов.

Тој дури го посочува Левандовски како фаворит, а зад него е најдобриот стрелец на Реал Мадрид.

„Мислам дека тој е најдобриот фудбалер во светот во последните три години. Ја освои Лигата на шампионите, постигнувајќи преку 120 гола за Баерн Минхен и за репрезентацијата. За еден фудбалер ова е навистина премногу и Златната топка ќе беше заслужено признание“, изјави Орелот.

Колку што е точно неговото мислење, се чини дека ќе биде доста долга тема. Оваа година Меси заврши на првото место на ранг-листата, следен од Левандовски и италијанскиот репрезентативец Џорџино.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО