Хабиб: Конор Мек Грегор е поголема ѕвезда од мене!

Минатиот месец битката меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор беше број 1 за платени гледања (ППГ) во историјата на УФЦ. Нурмагомедов го порази Мек Грегор, а потоа се фрли во толпата за да се пресмета со тренерот на Конор Дилан Данис, што му донесе казна од Атлетската комисија. Цело време имаше омраза и навреди меѓу нив, денес Хабиб одлучи да го пофали Мек Грегор.

„Морам да го пофалам Конор Мек Грегор. Тој е многу популарен. Дали бев популарен пред борбата? Можеби, НЕ! Меѓутоа, ако се споредам себеси како спортист, покажав дека сум подобар од него. Сепак, како ѕвезда во спортот, мислам дека е поголем од мене. Во моментов не знам колку е поголем, но пред битката дефинитивно беше многу“.

Следниот месец Хабиб и Мек Грегор ќе мора да се соочат со Атлетската комисија на Невада, за да бидатсослушани за нивните акции по УФЦ 229 и да бидат казнети. Сепак, непоразениот шампион рече дека нема да оди таму.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО