Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ќе има само уште два или три меча. Ова го изјави неговиот татко и тренер Абдулманап Нурмагомедов.
„Работите сега се различни, затоа што момчињата пораснаа. Има поголема конкуренција. Хабиб треба да заврши за уште 2-3 меча“, предложи татко му. Руската ѕвезда многу го почитува мислењето и водството на Абдулманап.
Нурмагомедов се очекува да го брани појасот против Тони Фергусон. Тие сè уште не потпишале договор за борба. Потенцијални кандидати за предизвикувачи на Орелот се Жорж Сент Пјер и Конор Мек Грегор.
Досега, Нурмагомедов има 28 победи од 28 одражани борби.