Светскиот шампион на УФЦ ќе се врати на УФЦ 242, кој ќе се одржи во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Хабиб Нурмагомедов веќе го започна својот тренинг-камп и неговиот татко Абдулмап изјави дека во септември ќе се бори против Поиер, Фергусон или Мек Грегор во Абу Даби.
„Сега има тројца противници со кои Хабиб може да се бори во Абу Даби. Опциите се борби со Фергусон, Поиер или реванш против Мек Грегор. Хабиб се подготвува за секој од нив. За мене најлогична е битката со Поиер“.