Хабиб категоричен: Тајсон Фјури е најдобриот

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов одговори на прашањето кој современ боксер го смета за најдобар, без оглед на тежинската категорија.

„Навистина верувам дека Тајсон Фјури е најдобриот боксер во моментов. Тој е во тешка категорија, останува непоразен и ги победува сите што ќе ги сретне. Канело, Усик, Крафорд се многу блиску до него – сите овие момци дишат зад неговиот грб, но Тајсон Фјури сега е најкул. Ова е мое мислење. Усик ќе се бори со Џошуа, Фјури со Вајлдер, а потоа победниците ќе се соочат. Тоа е како полуфинале и финале. Но, сега Фјури е најдобар“, смета Нурмагомедов.

Актуелниот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, ќе ја брани титулата против Дионтеј Вајлдер на 9 октомври, додека освојувачот на титулите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа ќе се сретне со Александар Усик на 25 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО