Хабиб изјави дека се пензионира (ВИДЕО)

Во изјавата по големата победа над Џастин Гејџи и одбраната на титулата во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов кажа дека се пензионира.

„Кога ме контактираше УФЦ за борбата со Гејџи, мајка ми не сакаше да се борам без мојот татко покрај кафезот. Три дена разговарав со неа и ѝ ветив дека ова ќе биде моја последна борба. Сега морам да си го исполнам ветувањето и затоа ова е моја последна борба“, рече Хабиб и ги фрли ракавиците.

Емотивниот Хабиб падна на подлогата и се расплака, емотивно посветувајќи му ја победата на својот татко и тренер, кој почина неодамна по компликациите предизвикани од коронавирусот.

Со овој триумф, Нурмагомедов стигна до 29 победа и се уште нема пораз, додека за Гејџи ова е 3 пораз.

https://streamable.com/8jjm1w

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО