Хабиб и Сидорф отвораат школа за фудбал и ММА во Дубаи

Легендарниот фудбалер Кларенс Сидорф зборуваше за голем проект кој го води заедно со Хабиб Нурмагомедов. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Милан и Холандија отвора школа за фудбал и ММА заедно со Нурмагомедов.

Името на училиштето ќе биде „Сидроф Хабиб преформанс клуб“ и ќе се наоѓа во Дубаи. Хабиб е голем љубител на фудбалот и често присуствува на фудбалски натпревари. Неодамна беше во Велика Британија и гостуваше во Манчестер Јунајтед.

„Реков дека нешто возбудливо ќе се случи. Конечно можам да го споделам ова со сите вас. Задоволство ми е да го најавам глобалното лансирање на Сидорф Хабиб перформанс клубот! Се здружив со мојот пријател Хабиб и нашиот глобален партнер ДМЦЦ/ DMCC за да ја создадам највозбудливата и најуникатна фудбалска школа некогаш направена.

Сакаме да им дадеме на младите луѓе ширум светот можност да ги развијат своите атлетски и социјални вештини преку метод на тренирање што ги комбинира фудбалот и мешаните боречки вештини.

Дубаи ќе биде нашата лансирна рампа за овој неверојатен проект, но ние сме посветени на глобално проширување во следните пет години.

Проектот се заснова на нашата заедничка визија, насочена кон враќање на нешто во општеството и нашата желба за континуирано развивање и унапредување на спортот што е можно повеќе. Огромна можност. За мене е чест да започнам вакво нешто“, напиша Сидорф на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО