Хабиб и Нејт Дијаз си објавија војна на социјалните мрежи

Се разгоруваат работите во лесна категорија, откако пред неколку дена Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор си разменија вербални навреди. Денес, нов борец од лесна категорија им се придружи. Нејт Дијаз не може да се бори во кафезот, но тоа не го спречува да зборува и да прави тензии на социјалните мрежи. Дијаз одлучи да застане на страната на неговиот поранешен противник Мек Грегор, па обајцата почнаа да го навредуваат Хабиб.

„Те ударив по главата, а ти и твојот тим не направивте ништо. Ќе живеете со тоа, сите ​​сте пи.ки“, напиша Дијаз.

„Се криеше зад обезбедувањето и бегаше како кукавица. Се гледа на видеото. Таа ноќ го скршивме твојот тим, ѓубре“.

„Бидете реални. Знаеш што се случи таа вечер и живееј со тоа“.

Пред неколку години, браќата Диаз направија мешаница со тимот на Хабиб на ВСОФ настан. Двете страни тврдат дека победиле, па дури и таткото на Хабиб вели дека имаат видео на кое се гледа како Ислам Мамедов наокаутира еден од браќата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО