Меѓународна сценаММА

Хабиб и Махачев беа гости на финалето меѓу ПСЖ и Интер

Ислам Махачев и Хабиб Нурмагомедов се големи фудбалски фанови и тоа го покажаа повторно.

Тие беа на финалето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Интер во Минхен. Хабиб има голем број фудбалски школи што ги основа заедно со холандскиот фудбалер Кларенс Сидорф. Махачев објави серија стории на Инстаграм. Покажа како ужива во атмосферата и фудбалот заедно со Хабиб.

Тие разговараа со познати имиња како Самуел Ето и Теди Ринер. Ѕвездите на ММА се сликаа со Ашраф Хакими, најдобриот марокански фудбалер. Хабиб и Махачев го поддржуваа Пари Сен Жермен пред мечот. ПСЖ го победи Интер од Милано со 5-0 и за прав пат ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Головите ги постигнаа Хакими, Дезире Дуе, Хвица Кваратшелика и Сени Мајулу. Дуе дури и постигна два гола.

„Од 2018 година присуствувам на натпреварите на ПСЖ на покана на мојот брат Насер ал-Келаифи. Го познавам клубот и сите вработени многу добро и знам колку напорно работеа за да бидат на врвот на фудбалот. Честитки до ПСЖ. Многу сум среќен за Вас“, напиша Хабиб.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON