Хабиб и Конор ќе се борат во 2020 година, но под еден услов

Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор може пак да се најдат во октагонот во 2020 година, според првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, под еден услов.

„Ако Конор го победи „Каубојот“, а Хабиб својот ривал Тони, тогаш ќе гледаме реванш меѓу нив“, потврди Дана Вајт за БТ спортс.

Конор по една и пол година се враќа во кафезот, а силите ќе ги одмери со Доналд Цероне – Каубојот, додека во април Дагестанецот ќе ја брани титулата на мечот против Тони Фергусон.

Хабиб го победи Конор во борбата која беше одржана во октомври 2018 година, принудувајќи го Ирецот да се предаде во четвртата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО