Хабиб и Гјеџи се соочија пред нивниот дуел (ВИДЕО)

Шампионите во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи се соочија прв пат пред нивната борба. Ова се случи на прес-конференција што организацијата ја направи пред неколку часа. Овој викенд тие ќе ги обединат титулите во категоријата главната битка на УФЦ 254, што ќе се одржи на островот Јас во Абу Даби.

На прес-конференцијата двајцата одговорија на прашањата поставени од медиумите. Хабиб е категоричен дека ќе може да го измори Гејџи и да го натера да се предаде. Џастин пак верува дека неговата борба ќе му помогне и ќе му го нанесе првиот пораз на непоразениот Дагестанец.

По одговорите што ги дадоа, Дана Вајт ги соочи. Гејџи одби да позира со својот привремен појас и рече дека ќе го носи неоспорниот. Хабиб покажа почит кон Гејџи и му подаде рака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО