Прекарот на Хабиб Нурмагомедов бил „Лошото момче“ (ВИДЕО)

Непоразениот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов го откри својот прв ММА прекар.

32-годишниот Дагестанец објави видео на Фејсбук во кое е запознаен со рингот во една од неговите први борби. Од видеото можеме да дознаеме дека пред Хабиб да стане орел тој бил лошото момче. На денешна дата Брус Бафер претставува со  прекарот „Орел“, но во раните години во Русија беше претставуван како „Лошото момче“ (Бед бој).

https://fb.watch/1ib6NC26Ul/

Овој викенд, Хабиб влегува во кафезот против Џастин Гејџи во главната борба на УФЦ 254. Тие ќе ги обединат титулите во лесна категорија на островот Јас во Абу Даби. Според букмејкерите, непоразениот Дагестанец е голем фаворит, но повеќе од еднаш сме виделе изненадувања во октагонот. За прв пат, Хабиб ќе се бори без поддршка од неговиот татко, Абдулманап, кој почина во јули.

https://www.facebook.com/watch/?v=1016829

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО