Последната борба на легендарниот Андерсон Силва

Легендарниот борец Андерсон Силва ќе ја заврши кариерата по борбата со Јурај Хол.

Андерсон Силва има 45 години и својата прва борба ја имаше во 1997 година. Тој беше шампион во средна категорија седум години и важи за еден од најдобрите во историјата.

Силва не се бореше повеќе од една година, а последниот натпревар му беше против Џаред Канониер, кој го победи во мај 2019 година.

-Тоа е тоа, ова е последната борба. Го сакам овој спорт. Се подготвував целиот мој живот, се борев цел живот и ова е мојата последна борба сигурно, изјави Силва.

Во последните осум години тој оствари само една победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО