Меѓународна сценаММА

Хабиб го заслужи бонусот од 50.000 долари

Хабиб Нурмагомедов заработи 50.000 долари бонус за изведба на вечерта по победата над Џастин Гејџи. „Орелот“ го победи Гејџи во втората рунда и ја зголеми својата серија на 29 последователни победи.

По борбата, Хабиб објави дека се повлекува од ММА и дека никогаш повеќе нема да се натпреварува во кафезот. На прес-конференцијата по борбата, Дана Вајт рече дека Хабиб, Магомед Анкалаев, Натаниел Вуд и Кејси Кени заминуваат побогати за бонусите од по 50.000 долари.

Магомед Анкалаев го нокаутира Јон Кутлеба и бонусот е за претставување на вечерта. Кени и Вуд, пак, добиваат бонус за битката на вечерта.

https://www.instagram.com/p/CGvaLUCB4uh/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON