Хабиб го враќа Рашад Еванс во кафезот

Поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, следната година ќе ја прeтстави својата ММА промоција во САД.

За да предизвика јавен интерес за настанот, кој е најавен за 28 јануари во Мајами, Дагестанецот го договори враќањето на Рашад Еванс, победникот на втората сезона на Ултимејт Фајтер.

За поранешниот шампион на УФЦ во полусредна категорија ова ќе биде прва борба по 2018 година кога реши да се пензионира.

42-годишниот Еванс се уште има борбеност, па оваа година бараше боксерски меч против Џејк Пол или Рој Џонс Јуниор, а сега ја прифати понудата на Хабиб. Но, тој се уште не е се знае против кого ќе се бори.

Рашад Еванс има 19 победи во кариерата, со осум порази и едно реми.

Тој стана шампион во декември 2008 година по победата против Форест Грифин, но во следниот меч ја загуби титулата, подобар од него беше Лиото Мачида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON