Хабиб Нурмагомедов (28-0, 12-0 УФЦ) по втор пат ја одбрани тиулата во лесна категорија совладувајќи го Дастин Пориер (25-6, 17-5 УФЦ) со завршница во третата рунда.
30-годишниот Русин неговото самбо максимално го искористи и цело време се трудеше борбата да ја спушти во партер, а Пориер се покажа како цврст противник на УФЦ 242 во Абу Даби во мечот за титулата во лесна категорија, но Хабиб покажа што знае во партер.
По првичната размена на удари Русинот го притиска Пориер до жицата, го соборува и го зема грбот. Двапати се закани со давење со гранд и паунд. 30-годишниот Дијамант успеа да се врати на нозе за пак да го влече назад во партер Нурмагомедов и го задржа таму до самиот крај на рундата.
Пориер го вознемири Кабиб во втората рунда со десно кроше и го натера да бега во кафезот. Русинот успеа да се собере и повторно да го собори Американецот и да доминира до крајот на рундата. На почетокот на третата, Нурмагомедов оди на рушење и Пориер го фаќа во гилотина. Американецот премногу долго се обидуваше да ја направи оваа завршница и се исцрпи. Нурмагомедов се повлече, му доаѓа за грбот и по неколку удари давење од позади ја завршува доминантната изведба.
Картис Блејдес (12-2-1НЦ, 7-2-1НЦ УФЦ ја заработи својата втора победа откако загуби од Френсис Нгану. 28-годишниот Американец го нокаутира Шамил Абдурахим (20-5, 5-3 УФЦ) со нокаут во втората рунда.
Блејдис целосно доминираше во првата рунда со борење. Три пати го соборуваше противникот, а на самиот крај на мечот го нападна со удари со лакти и тупаници од граунд и паунд, а Абдурахимова го спаси гонгот. Американецот веднаш го собори Русинот на почетокот на втораоа рунда и го завршува со лактот на средината на рундата.
Откако во 2015 година беше поразен со едногласна одлука на Едсон Барбоза (20-7, 14-7 УФЦ), Пол Фелдер (16-4, 8-4 УФЦ) во реваншот му се одмазди на Бразилецот и го победи со поделена одлука.
Ислам Махачев (17-1, 6-1 УФЦ) дојде до шеста последователна победа со убедлива изведба. 27-годишниот Русин едногласно го совлада Дејви Рамос (10-2, 4-1 УФЦ) и, по победата изјави дека го сака победник од реваншот меѓу Фелдер и Барбоза.
Отман Азаитар (12-0, 1-0 УФЦ) дебитирапе на најдобар можен начин во лесна категорија во УФЦ. 29-годишниот Германец го нокаутира Финецот Тему Пакален (8-3, 1-3 УФЦ) со брилијантен десен свинг во првата рунда.