Хабиб е зарзен со Ковид-19

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов е позитивен на коронавирусот. Ова го објави Азија ММА. Хабиб моментално е во карантин во хотелска соба во Сингапур, каде што пристигна пред неколку недели за да присуствува на турнирот во мешани боречки вештини на ОНЕ Чемпионшип.

Борецот ќе мора да остане во карантин во период од 14 дена, а доколку го прекрши карантинот според законите на Сингапур, му се заканува затворска казна од две недели.

Пред да замине во азиската земја, Дагестанецот се одмораше во Дубаи, каде се препушти на екстремни искуства.

Темата за пандемијата на коронавирус е чувствителна за Хабиб и неговото семејство, бидејќи во 2020 година таткото на Нурмагомедов, Абдулманап, не успеа да се избори со подмолната болест.

Последен меч во кариерата на Нурмагомедов беше пресметката со Американецот Џастин Гејџи. Нивната борба се одржа во октомври 2020 година на УФЦ 254. Тогаш Дагестанецот победи со примена на гушење со триаголник во втората рунда. Веднаш по средбата Русинот ја објави одлуката да ја заврши кариерата во ММА. Тој има 29 победи во 29 борби, вклучувајќи 13 победи во 13 борби на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО