Хабиб е подготвен да го нагости Конор во Дагестан: Можеби ќе му ја покажам салата за борење, бидејќи не знае да се бори

Хабиб Нурмагомедов запрашан како би го дочекал својот лут ривал Конор Мек Грегор кога Ирецот би ја посетил неговата татковина.

Прашањето на шампион во лесна категорија на УФЦ му го пставија руските медиуми откако неговиот татко и тренер Абдулманап му подаде рака за помирување на Мек Грегор и го покани да го посети Дагестан, и покрај напнатите односи меѓу тимовите кои пред две недели ескалираа во масовна тепачка на УФЦ 229.

„Ако дојде во Дагестан, мораме да ги пречекаме гостите – на нас тоа ни е светост. Дагестан е добро познат по тоа“, рече Хабиб, кој само две недели претходно го победи Мек Грегор со прекин во четвртата рунда, го прескокна кафезот и дивјачки му се пушти на неговиот тренер Дилан Данис.

„Мислам дека има што да види. Можеби ќе му ја покажам салата за борење, бидејќи не знае да се бори, го подбуцна Хабиб славниот Ирец, а потоа се врати на гостопримството во Дагестан.

„Се разбира, би го најјадел. Нашите гости не се гладни. Сите се сити и облечени, заклучи непоразениот шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО