Хабиб до Мек Грегор: Далеку си од реалноста

955

Хабиб Нурмагомедов го коментираше поразот на Конор Мек Грегор од Дастин Пориер. Тие се бореа во Абу Даби, каде што Пориер го нокаутира Мек Грегор во втората рунда и му се реваншира за поразот од пред неколку години.

„Орелот“ на социјалните мрежи истакна дека Мек Грегор е виновен за напуштањето на неговиот тим и неговите соборси, кои го направија шампион.

Нурмагомедов го критикуваше Мек Грегор за спаринг со деца и дека е далеку од реалноста. Овој пораз на „Озлогласениот“ ги уби сите шанси за реванш меѓу него и Хабиб Нурмагомедов.

„Ова е она што се случува кога ќе го смените вашиот тим и ќе се откажете од спаринг партнерите кои ве направија шампион и наместо тоа спарингувате со мали деца. Далеку сте од реалноста“, напиша Хабиб на социјалните мрежи.

Дана Вајт гореше за реванш меѓу Хабиб и Мек Грегор, но очигледно никогаш нема да има.