Хабиб до Блахович: Победи заради борењето (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов беше првиот кој му честиташе на Јан Блахович за одбраната на титулата.

Полјакот го бранеше појасот во полутешка категорија на УФЦ 259 од непоразениот Израел Адесања. Се појави видео на кое Орелот му оддава почит на неговиот колега и објаснува зошто победил:

„Почитуван пријателе. Дали знаеш зошто победи? Поради двете соборувања. Тие се дел од борбата, а борењето е сила“, рече Хабиб.

Блахович со насмевка ги прифати зборовите на Нурмагомедов.

Полјакот ги направи соборувањата во 4-тата и 5-тата рунда, по што го држеше под контрола противникот до крајот на рундите. Јан демонстрираше одлични вештини на партер и конечно го покажа клучот за победа против Адесања.

По оваа одбрана, ова е четврта победа на Блахович на голем меч во УФЦ, кога влегувал како аутсајдер во борбата.

Хабиб беше еден од специјалните гости на свечената вечер и ги следеше средбите во близина на октагонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО