Хабиб: Дана Вајт е најдобриот промотер во историјата

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов го кажа своето мислење за претседателот на УФЦ, Дана Вајт. Дагестанската ММА ѕвезда смета дека Вајт е најдобриот промотер во историјата.

„Орелот“ сака да се учи од претседателот на УФЦ и верува дека никој не може да се доближи до неговиот успех. Пред извесно време Вајт му порача на Нурмагомедов дека сега кога е промотор ќе ја разбере возбудата и одговорноста.

Нурмагомедов веќе ја почувствува топлината во оваа работа и љубезно зборуваше со Вајт, кој е жесток во оваа работа.

„Мислам дека Дана Вајт е најдобриот промотер на сите времиња. Никој не му се доближува. Се обидувам да учам од него бидејќи само што почнувам.

Мислам дека можам многу да научам од него во следните 10-20 години. Дана Вајт ја води работата, но и во таа ситуација треба да научите од него.

Последен пат ми рече: „Сега ќе ме разбереш подобро“, изјави Нурмагомедов во интервју за Јутјуб каналот Игл ФЦ.

По завршувањето на ММА кариерата Хабиб почна да се занимава со промотивни активности. Тој сега е сопственик на Игл ФЦ ММА лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО