Како што се соменваше Хабиб Нурмагомедов тоа и ќе се случи, затоа што тој се враќа во август по суспензијата што ја доби поради случувањата со Конор Мек Грегор н УФЦ 229. Може да добие скратување од три месеца, но тој не сака да се вклучи во општесвената акција против насилството.
Хабиб рече дека не сака да се бори до декември, така што отапаѓа можноста за борба со Тони Фергусон, па затоа е веројатно неговото предвидување дека ќе има меч за привремен сопстевник на титулата.
Вајт пред неколку дена кажа дека такво нешто не слушнал од Хабиб, туку од медиумите, но очигледно тоа го разбрал сериозно.
„Шампионот не може толку долго да седи и да чека. Ако е тоа вистина, тогаш мора да смислиме алтернативно решение, па тоа може да има борба и меѓу Конор Мек Грегор и Фергусон“, истакна Вајт.
Но, ако ова лето се борат Конор и Доналд Цероне, не е јасно кога Ирецот ќе се пресмета со Фергусон.
https://www.instagram.com/p/BtuyVPlgS1m/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
.