Дуду Нгумбу минатата ноќ се здоби со чудна повреда во борбата со Александар Гвоздик (17-0, 14 КО).
Боксерот во полутешка категорија од Конго заработи повреда на Ахиловата тетива на десната нога, која ја расипа битката против шампионот. Нгумбу рече дека не може да продолжи и борбата заврши во 58-та секунда во петата рунда. Така Гвозик ја одбрани титулата на ВБЦ.
Украинецот Гвоздик беше прогласен за победник со технички нокаут.
Тој по борбата рече дека е задволен што победил, но не и од начинот на кој се случило тоа. Според него, Нгумбу дошол само да ги собере парите, а не и да се бори.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=113&v=kCwq0WWi4nI
.